ТЦР Европа: Македонскиот возач Виктор Давидовски во Топ 5 на првата трка во Португалија

фото: TCR Europe/facebook.com/pssracingteam

Фантастичен старт во новата сезона во ТЦР Европа има македонскиот возач Виктор Давидовски, информираат од „ПСС Рејсинг Тим“.

На денешната прва трка на патеката „Аутодромо до Алгарве“ во Португалија Давидовски освои 24 бодови и четири бодови од квалификациите одржани во претпладневните часови.

Со вкупно 28 бодови нашиот „дајмонд“ шампиони се позиционираше на петтото место во генералниот пласман.

На првото место се наоѓа Французинот Жон Филипи со 45 поени, пред Белгиецот Кобе Повел, трет е Том Коронел од Холандија (40), а на четвртата позиција Душан Борковиќ од Србија со 30 поени.

Втората трка ќе се вози в недела од 11.30 часот по локално време и ќе биде пренесува во живо на tcr-series.tv

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот