Таткото на Матеј Периш: Си го враќам мојот син дома, во неговиот Сплит

Ненад и Матеј Периш татко Ненад Периш
Ненад и Матеј Периш / Колаж на СП.

Телото на 27-годишниот Матеј Периш утре ќе биде испратено од црквата Св. Анте во Белград за Сплит, каде што ќе биде погребан, соопшти денеска белградската надбискупија. Како што е најавено, телото ќе биде изложено во црквата од 15 до 17 часот.

Неговиот татко, Ненад Периш изјавил дека конечно си го враќа својот син дома, во неговиот Сплит.

„Човек кој губи некого, како што јас го изгубив Матеј, има само една желба – да му биде сѐ поблизу. Тоа ќе се случи еден ден, јас не знам кога, но ќе се случи. Ние мора да продолжиме да живееме овде на земјата сѐ до нашата нова средба. Ништо не може да го подготви човек на ваква вест. Денешниот ден беше најлошиот во мојот живот. Сега си го враќам мојот син дома, во неговиот Сплит“, изјавил Ненад Периш за „Слободна Далмација“.

Како потсетување, денеска беше потврдено дека младиот човек чие тело вчера беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Според „Телеграф“, ДНК анализата докажала дека се работи за исчезнатото момче по кое се трагаше од крајот на минатата година.

Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давење, а ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели.

Неговото тело беше пронајдено вчера околу 9.30 часот, од страна на морнари, на местото наречено Ада Хуја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот