Таткото на Ѓоковиќ завршил во болница поради бизарна повреда

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Taткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан денеска беше пренесен во болница каде што е примен на оделот за ортопедија. Причина беше неговата повреда на рамото.

Тој според информациите се повредил додека ги хранел птиците и паднал од столот здобивајќи се со скршеница на коската на надлактицата.

Засега не е познато колку ќе остане во болница и за тоа ќе треба да одлучат докторите. Инаку, Ѓоковиќ овие денови ги минува во Белград каде што ја одржува формата по Мастерсот во Монте Карло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот