Таткото на Ејми Вајнхаус го загуби судскиот спор за нејзините лични предмети
Таткото на покојната пејачка Ејми Вајнхаус, Мич Вајнхаус, го загуби судскиот спор пред Високиот суд во Лондон, откако оспори продажба на лични предмети на неговата ќерка на аукции во САД, пишува Би-би-си.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој поднесе тужба против нејзините поранешни блиски соработнички и пријателки, Наоми Пари и Кетриона Гурлеј, обвинувајќи ги дека профитирале од продажбата на нејзини работи.
Според неговите адвокати, двете жени „намерно ги прикриле“ аукциите, поради што судската постапка била единствениот начин да дојде до одговори.
Сепак, судијката Сара Кларк пресуди против него, оценувајќи дека Вајнхаус можел да утврди кои предмети биле спорни со „разумна внимателност“.

Во образложението, судијката посочи дека тој е „разбирливо чувствителен“ кога станува збор за наследството на неговата ќерка, но и дека е подеднакво заинтересиран семејството да има финансиска корист од тоа.
Дополнително, таа го опиша како „недоверлив сведок“ и наведе дека тужбата била поднесена без доволна проверка на валидноста на побарувањата.
Одбраната на обвинетите тврдеше дека дел од предметите биле подарени од самата Ејми Вајнхаус или веќе биле во нивна сопственост.
Судијката нагласи дека пејачката често им подарувала облека на блиските пријатели, бидејќи не сакала да се појавува повеќепати во исто парче во јавност и поседувала повеќе работи отколку што можела да користи.
Ејми Вајнхаус, добитничка на Греми, почина во 2011 година на 27-годишна возраст од труење со алкохол. Таа останува запаметена по хитови како „Rehab“ и „Back to Black“.


