Таравари за незаконското доделување инвалидски пензии: Сите што грешат треба да одговараат
Како Министерство за здравство стоиме на располагање за да се расчисти криминалот и корупцијата во здравство, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за акцијата на полицијата во врска со незаконско доделување на инвалидски пензии. Таравари потсети дека претходно имаше и случај во државниот Геријатриски центар, кога директорот беше фатен при земање на мито од 20.000 евра.
Препорачано
-Се случи во Геријатрија една акција, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и задутрете го исклучивме од партија. Ние не сме полиција, ниту јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето. Меѓутоа ги поздравувам сите овие акции – изјави Таравари.
Фиктивно се доделувале инвалидски пензии – претреси на Клиниките за неврологија и психијатрија
Тој посочи дека има информации за злоупотреби од страна на вработени во здравствените установи, но, како што вели, не сака да генерализира и не се сите доктори такви.
-Но, таму кај што постојат сомнежи ги поддржувам, со сета почит и стоиме како министерство за здравство, тука да помогнеме на сите вакви акции за да се исчисти криминалот и корупцијата – рече Таравари.
Во тек е голема полициска акција, се претресува на повеќе локации


