Танкоски: Имаме големи шанси во Диселдорф, фаворити сме против Мотор Запорожје

Еурофарм Пелистер го одработи тренингот во Диселдорф/фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Денеска од 18.45 часот составот на Еурофарм Пелистер ќе го игра својот четврти натпревар сезонава во ЕХФ Европската лига, а противник е Мотор Запорожје.

Поради руската агресија врз Украина, Мотор Запорожје ќе биде домаќин на македонскиот вицешампион во германскиот град Диселдорф.

Ова е шанса за играчите на тренерот Ларс Валтер да им се вратат на победите, ривалот до сега има три порази, а битолчани со учинок од една победа и два порази.

Добра вест за Валтер е враќањето на Тунижанецот Усама Хосни кој ќе биде во составот, но за очекување е дека нема да има преголема минутажа.

– Натпреварот против Мотор за нас е многу важен, бидејќи со нив ќе водиме битка за продолжување во следната фаза. Се подготовуваме за противникот од Украина, претежно составен со украински ракометари, но мислам дека ние сме фаворити и имаме големи шанси да се радуваме. Останаа таму само украински ракометари, со 2-3 странци. Високи и спори се и треба да ги наттрчаме, да играме наш ракомет и верувам дека нема да имаме проблем.
Имаме многу повредени ракометари, Суси веќе е опериран и се рехабилитира, Руди Сери мислам дека е загубен за оваа сезона. Имаме проблеми со ротација и мора да играме исти ракометари, 10 играчи се здрави и за македонско првенство и за Европската лига. Посебно е напорно овие дваесеттина дена до крајот на полусезоната, бидејќи имаме два натпревари неделно. Мора да се собереме, заедно да смогнеме сили, да ги издржиме овие дваесет дена и ќе биде сè во ред – вели ракометарот на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски.

ЕХФ Европска лига 2022/2023

Група „Д“

Четврто коло, двојки –

18.45 часот Мотор Запорожје – Еурофарм Пелистер
18.45 часот Скандерборг Архус – Бидасоа Ирун
20.45 часот Фуксе Берлин – Агуас Санташ

Табела:

1. Фуксе Берлин 6 бодови
2. Скандерборг Архус 6
3. Бидасоа Ирун 4
4. Еурофарм Пелистер 2
5. Агуас Санташ 0
6. Мотор Запорожје 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот