Тамше: Вардар е двократен европски шампион, ќе влеземе во мечот со голема почит

Тренерот на Нексе, Бранко Тамше/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во вторник со почеток од 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе се игра четвртфиналниот натпревар помеѓу Вардар 1961 и Нексе за пласман на Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата.

Победникот од овој меч во полуфиналето во Задар ќе игра против екипата на ППД Загреб кој претходно ја елиминираше Војводина.

Стратегот на „црвено-црните“, Владо Недановски вели дека Нексе е добар тим, а пред навивачите ќе се обидат неговите играчи да извлечат поволен резултат.

Пофалби има и тренерот на хрватскиот клуб, Бранко Тамше за екипата на Вардар, но и дека неговите ракометари ќе го дадат максимумот за да игра на завршниот турнир во Задар.

– Во вторник ќе играме со двократен европски шампиони, што значи дека сигурно ќе влеземе во натпреварот со многу почит, но и решени да покажеме за што сме способни. Имавме многу добри и лоши моменти на подготовките, но се надевам дека во вторник ќе бидеме најдобри кога ќе биде најважно. Целта е секако да се обезбеди пат до Задар. Кога станува збор за повредите, нема да можеме да сметаме на сите играчи во Скопје, но сигурен сум дека тие кои се на располагање ќе го дадат максимумот и обезбедиме победа – вели Тамше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот