Талисман за секој хороскопски знак: Привлечете среќа, успех и љубов со вашиот накит

Накит
Накит, Фото: Pexels

Накитот се користи како талисман откако човек почнал да се занимава со создавање на истиот. Со помош на кристалите и материјалите канализирајте ја енергијата за да добиете енергетски благослови!

Овен

Овенот, според сите хороскопски правила, го заштитува циркон, дијамант, злато, рубин. Кога одите на деловни состаноци, шансите за успех и среќа би можеле да ви ги зголемат тиркизот, ониксот, аквамаринот и топазот. За љубовни средби изберете исклучиво лапис лазули, бисер или сребрен накит. Треба да носите претежно сребрени белезици.

Бик

Обожавате накит, иако Биковите изгледаат „раскошно“ и без накит. Најмногу ви одговараат смарагд и жад. Ќе ги заведете другите во овој период ако носите пригушени тонови на црвен накит, иако некој гранат, розовиот кварц може да си ја заврши работата. Време е за впечатливи обетки, а за ноќе, шноли со штрасови.

Близнаци

Вашата младешка природа сака нежни тонови на накит, топазот одлично ви прилега, но не би било лошо да ја искористите магичната моќ на зелениот тиркиз за тајни љубовни состаноци и тиркизот со повеќе примеси на сини тонови за деловни состаноци. Ќе бидете поубедливи да го наплатите долгот или да заведете некого со корално ланче.

накит кристали

Рак

Ви одговара сребрен накит, во сини тонови и сребрена боја. Меѓутоа, доколку одите на деловен состанок, златната белезица ќе донесе поголем успех, особено во комбинација со слонова коска, или комбинација од бело и жолто злато. Доколку имате намера да заведете личност која има врски со странство, ставете било кое парче накит од малахит или гранат.

Лав

Златен накит, дијаманти, рубини, треба да бидат ваш избор. Може да ја зајакнете интуицијата со накит од бакар, сребро или платина. Детали од зелен турмалин и тиркизна боја, или прстен со син сафир, можат да направат чуда, особено во тајните љубовни авантури, особено ако сте во врска со знаците Рак или Бик.

Девица

Малахит, килибар, топаз, навистина ви се допаѓа. Меѓутоа, прстен со црн камен оникс, или гранат, ќе ги привлече погледите на спротивниот пол. Прстен со жолт сафир или смарагд може да привлече личност што ви се допаѓа која често патува, особено на југ или југоисток од местото каде што живеете.

За што сè си фантазираат и сонуваат хороскопските знаци?

Вага

Розевиот турмалин, александритот ви даваат шарм и ве исполнуваат со енергија. Секој накит со зеленикави и розови тонови ја засилува вашата харизма. Доколку одите на деловни состаноци, слободно носете прстен од рубин или бакарна белезица, а за вечерните излегувања привезок од тиркиз или жад. Може да биде и имитација.

Скорпија

Црниот бисер, дури и со црн фустан од тантела, ви стои одлично. Изгледате неодоливо со платинест накит, хематит или прстен од рубин. Кога не сте сигурно во некоја ситуација треба да бидете понежни во изборот на накит, па затоа би било добредојдено ланче – сребрен синџир со прстен од аквамарин. Мажите попрво би се осмелиле да ви пријдат.

Стрелец

Смарагдот и сафирот, вашите омилени скапоцени камења, некогаш можеда се заменат со накит од слонова коска. Може и имитацијата на овој накит, како и прстен од цитрин, особено за деловни разговори, кои парично би ви донеле среќа. За љубовни средби, доколку имате – задолжително понесете дијамантски прстен.

накит

Јарец

Сакате тиркиз, гранат, оникс, но за заведување користете малахит или жад, кој било детал или имитација на овој камен, во секој случај, во зелена боја. Ви помага и при контакти со странци. За љубовни средби слободно користете црвен турмалин или вештачки бисер. За долги деловни состаноци, секој тип на полускапоцен виолетов камен.

Водолија

Омилен накит ви се гломазните нараквици, може да бидат направени од тигарско око(железо), полускапоцени камења, а најчесто избирате тиркизна боја. Слободно носете го, дури и како имитација, во форма на големи привезоци, можеби во форма на скараб. Ориенталните ланчиња во форма на сребрени привезоци ќе ви го подигнат моралот и доброто расположение. А за ноќе, ставете накит во корална боја.

Риби

Вашата нежна природа обично сака аквамарин, бисер и аметист, а тој накит можете слободно да го носите со многу сребрени синџири и алки. Општо земено, треба да се фокусирате на ѓердани со акцент на зелените тонови, како зелен или виолетов турмалин. Посебно внимание посветете на чевлите со штрас или аксесоар во крената коса во темно виолетова боја.

Совршениот пријател: Какви домашни миленици избираат хороскопските знаци?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот