Талески го продолжи договорот со Вардар 1961

фото: РК Вардар / Denis Dukovski

Македонскиот репрезентативец ќе го продолжи договорот со „црвено-црните“, односно уште една година ќе биде дел од Вардар 1961.

Филип Талески се врати во Скопје минатото лето од Германија каде играше за екипите на Рајн Некар Левен и Балинген.

Веќе е познато дека Стевче Алушовски на крајот од оваа сезона ќе ја напушти тренерската клупа, се шпекулира доаѓање на Веселин Вујовиќ.

Ново засилување е Анте Кудуз кој доаѓа од Романија, потоа Васко Шеваљевиќ има договор и за наредната натпреварувачка година, а како што информира „Балкан Хандбал“, клубот ќе го напушти и Германецот Кристиан Дисингер.

Талески кој во март наполни 25 години, се афирмираше во дресот на Металург за кој настапуваше од 2014 до 2017 година. На 43 натпревари за националниот тим постигна 109 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот