Тајсон до крајот на годината сака да боксува со Холифилд и Луис

epa08239501 Former Heavyweight Champions Mike Tyson (L) and Evander Holyfield (R) acknowlege the crowd after they were honored before the main event, the WBC World Heavyweight Championship title fight between Deontay Wilder of the USA and Tyson Fury of Britain, at the Garden Arena in Las Vegas, Nevada, USA, 22 February 2020. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон планира до крајот на 2021 година да има уште две борби и тоа против боксерски легенди со кои ги вкрсти ракавиците во активната кариера.

Во својот подкаст „Hotboxing“, Тајсон открива дека сака да боксува против поранешните шампиони Ивандер Холифилд и Ленокс Луис.
– До крајот на оваа година ги сакам Ивандер Холифилд но и Ленокс Луис. Мислам дека можам да боксувам со двајцата до крајот на оваа година. Во спротивно би сакал да имам екгибициски меч со Тајсон Фјури. Доколку би имал мечеви со Луис и Холифилд би бил задоволен и би кажал дека тоа е крајот за мене во боксот и би продолжил со својот живот. Сигурен сум дека ќе ги соборам сите рекорди со тие мечеви – изјави Тајсон.

54-годишниот Тајсон во ноември минатата година се врати во рингот и одржа хуманитарен бокс меч со уште една легенда, Рој Џонс јуниор, а целиот приход од мечот беше наменет за хуманитарни цели.
Тајсон и Холифилф два пати боксуваа во професионалната кариера, во 1996 година „железниот“ Мајк загуби со нокаут во 11 рунда. Реваншот го одбележа дисквалификацијата на Тајсон откако му одгриза дел од увото на Холифилд.
Ленокс Луис е последен апсолутен шампион во тешка категорија, а кариерата ја заврши 2003 година по победата над Виталиј Кличко. Луис и Тајсон боксуваа меѓу себе во 2002 година и славеше Британецот со нокаут во осмата рунда.

Видео на денот