Тајра Бенкс за ревијата на „Викторија сикрет“: Само се надевав дека нема да ми излезат градите
Тајра Бенкс зборуваше на поткастот на „The Drew Barrymore Show“ за нејзиното појавување на модната ревија на „Викторија сикрет“, која се одржа на 15 септември во Њујорк.
Препорачано
„Кога те видов, веднаш помислив дека знаеш како да го изведеш тоа“, ѝ рече водителката Дру Баримор. „Во тебе ја почувствував таа вистинска радост, вистинско уживање во моментот и дека се чувствуваш добро во своја кожа. Дали е тоа вистина?“, ја прашала таа.
„Да, апсолутно си во право“, одговорила Тајра, додавајќи дека на претходните модни ревии „секогаш чекорела за себе“.
„Но, кога чекорев на пистата на ‘Викторија сикрет’ овој пат, се чувствував како сите да се во мене“, објасни таа. “50-годишни жени, несигурни жени – едноставно се чувствував како да има нешто повеќе. Одев со таква решителност бидејќи чувствував дека сите се во мене. Беше навистина поинаку овој пат.” додаде таа.
Таа го прокоментира и својот физички изглед и рече дека многу се променила од последното појавување. „Градите ми се 10 пати поголеми затоа што сум многу потешка откако се пензионирав“, рекла таа и се пошегувала: „Мислев во себе само да не ми испаднат градите од корсетот“.
Тајра Бенкс се појави на девет модни ревии за овој бренд, а последната беше во 2005 година.


