СЗО со повик до земјите да го финализираат договорот за пандемии

Фото: usnews.com

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска ги повика земјите да се согласат на договор за помош во борбата против идните пандемии, бидејќи преговорите се приближуваат до крајниот рок овој месец.

Новиот договор и серијата ажурирања на постоечките правила за справување со пандемии имаат за цел да ја зајакнат одбраната на светот од новите патогени откако пандемијата Ковид-19 уби милиони луѓе.

Земјите треба да ги финализираат преговорите за договорот на 10 мај, со цел да го усвојат на годишниот состанок на СЗО подоцна овој месец, но извори кои се запознаени со ова прашање велат дека сè уште има големи разлики, јавуваат светските агенции.

„Дајте им на луѓето во светот, на луѓето од вашите земји, на луѓето што ги претставувате, посигурна иднина“, рече Гебрејесус на состанок во Женева.

Тој ги охрабри земјите кои не се согласуваат целосно со текстот на договорот барем да се воздржат од блокирање на консензусот меѓу 194-те земји-членки на СЗО. Една од главните точки на несогласување меѓу богатите земји и земјите во развој е прашањето за правична дистрибуција на лекови и вакцини со цел да се избегне повторување на неуспесите од времето на ковидот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот