СЗО: Мајките треба да дојат и кога имаат Ковид-19

Мајките треба да ги дојат своите бебиња дури и ако имаат Ковид-19, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, затоа што придобивките го надминуваат ризикот од зараза.

– СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење, рече Тедрос на медиа-брифингот за Ковид-19.

Со оглед на тоа што светот ја одбележува Неделата за подигнување на свеста за доењето, Тедрос во контекст на тековната пандемија рече дека многуте предности од доењето за новороденчиња и децата значително го надминуваат потенцијалниот ризик од зараза со Ковид-19.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот