Свитолина: Нема да се поздравувам со Русинки и Белорусинки додека нивните војници не ја напуштат Украина

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Сезонава скоро и да нема меч во кој Елина Свитолина не е во центарот на вниманието поради случувања предизвикани од агресијата на Русија и Белорусија во нејзината татковина.

Во последниот меч на Вимблдон, Свитолина играше против Белорусинката Викторија Азаренка, а како и неколку пати претходно и овојпат одби да се поздрави. Свитолина потврди дека така ќе биде се додека ситуацијата во Украина не се промени, односно Русија и Белорусија не се повлечат.

„Често пати добивам многу пораки за поддршка кон Украина, денес веќе добив околу стотина, сите ме гледаат и навиваа замене, бев горда што можев да ги израдувам во овие тешки времиња. По раѓањето на моето дете, ова е втор најдобар момент во мојата кариера. Во оваа ситуација кога играм против Русинки и Белорусинки притисокот е голем затоа што победите навистина ми значат.

„Кога е поздравувањето во прашање, не знам зошто секогаш е тема на разговор. Нема да се поздравувам додека руските и белоруските војници не ја напуштат Украина и не ни ја вратат целата територија. Подготвена сум да се соочам со било какви казни“, изјави Свитолина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот