Светско клупско првенство станува како репрезентативното, ќе учествуваат 32 клуба
Претстедателот на ФИФА, Џани Инфантино на денешната прес-конференција потврди дека од 2025 година се менува форматот на Светското клупско првенство.
Препорачано
Скоро сите големи клубови се жалат на густиот распоред и преголемиот број натпревари во годината, но ФИФА очигледно тоа не ја интересира многу, па пронајде начин како да гледаме и повеќе натпревари.
Имено, Светското клупско првенство од 2025 година ќе брои 32 клуба и ќе се игра во формат на Светско првенство, прво со групна фаза, па со елиминациона рунда. Таквиот формат значи повеќе натпревари за клубовите.
„Новото Светско клупско првенство од 2025 година ќе биде со 32 тима. Турнирот ќе се игра во форматот на Светското првенство“, потврди денес Инфантино.
УЕФА е против ваквиот план затоа што значи закана за Лигата на шампионите, но ФИФА се надева дека клубовите ќе застанат на нејзина страна поради наградниот фонд од 150 милиони фунти.
Исто така Инфантино најави дека ќе се игра и Светско клупско првенство во женска конкуренција, но за деталите за таа опција допрва треба да се одлучува.


