Светска сензација: 16-годишник во финалето на Светското првенство во пикадо ќе се бори награда од пола милион фунти
Лук Литлер е 16-годишен играч на пикадо кој вчера приреди вистинска сензација и се пласираше во финалето на Светското првенство во кое денес ќе се бори за награда од пола милион фунти.
Препорачано
Во полуфиналето Литлер го совлада светскиот шампион од 2018 година Роб Крос со 6:2 во сетови. На своето деби на Светското првенство тој еден по еден ги рушеше противниците, а од 164-тото место стигна на ранг-листата стигна до финалето.
Тој веќе стана најмладиот победник во натпревар во пикадо на Светско првенство, а сега има прилика да стане и најмладиот шампион во светот. Претходно тој постави рекорд за најголем број на поени на еден дебитант против Кристијан Крист за потоа во втората рунда да го исфрли Ендру Гилдинг.
LUKE LITTLER IS IN THE WORLD CHAMPIONSHIP FINAL!!! ?
Luke Littler has beaten Rob Cross 6-2!
A 106.05 average from the 16-year-old sensation!
? https://t.co/f3RU9WTIoD#WCDarts | SF pic.twitter.com/1x90nLF1oL
— PDC Darts (@OfficialPDC) January 2, 2024
Неговата низа продолжи со победа против Мет Кемпбел и петкратниот светски шампион Рејмонд ван Барневелд. Во четвртфиналето го совлада искусниот Бренданд Долан со убедливи 5:1 и така дојде до полуфиналето.
Финалето се игра вечерва со почеток до 21:15 часот.
Day 15 ☑️
96 came, just two remain. pic.twitter.com/8sOqNOqdIL
— PDC Darts (@OfficialPDC) January 3, 2024


