Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Светислав Пешиќ ќе ја води кошаркарската репрезентација на Србија

Светислав Пешиќ ќе биде новиот селектор на српската кошаркарска репрезентација. Србија не се пласираше на Олимписките игри во Токио, а по финалето на квалификацискиот турнир во Белград и поразот од Италија, веќе се шпекулираше за заминување на Игор Кокошков и кандидатите за нов селектор.
Иако Кошаркарската федерациј на Србија сè уште официјално не ја потврдила информацијата за заминувањето на Кокошков и доаѓањето на Светислав Пешиќ, сè поизвесно е дека оваа соработка е договорена и дека официјално ќе биде објавена наскоро, дознава „Спорт Клуб“.
Пешиќ се искачи на светскиот престол со Југославија во 2002 година, а сега ќе има полни раце работа со Србија, со оглед на тоа што „орлите“ ги очекуваат квалификациите за Светското првенство.
Првиот прозорец ќе се одигра во ноември, а Србија ќе се сретне со Летонија на 25 ноември. Три дена подоцна, ќе гостува кај Словачка. Во групата „А“ игра и Белгија, а пласманот во второто коло од квалификациите ќе го обезбедат трите најдобри селекции.
Во својата голема и трофејна кариера со југословенската репрезентација, Пешиќ ја освои европската титула во 2001 година во Турција и светската титула следната година во Индијанаполис. На клупско ниво, тој ја освои Евролигата со Барселона во 2003 година и Еврокупот со Жирона четири години подоцна.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5