„Сузуки“ ќе го напушти Мото ГП поради тешката економска ситуација!?

Возачот на „Сузуки“, Шпанецот Алекс Ринс/Фото: EPA-EFE/JAVIER CEBOLLADA

Во пресрет на трката во Ле Ман, која е закажана за овој викенд, светот на мотоциклизмот го потресе веста дека јапонскиот тим „Сузуки“ се повлекува од Мото ГП шампионатот на крајот од оваа сезона.

Иако „Дорна“, која раководи со шампионатот, истакна дека Сузуки според важечкиот договор што го има со нив, не може еднострано да повлече ваков потег, како што одминуваат деновите, станува јасно дека таквото сценарио станува сè пореално.

– Suzuki Motor Corporation е во разговори со Дорна за можноста да го прекине своето учество во Мото ГП на крајот на 2022 година. За жал, сегашната економска ситуација и потребата да се концентрира својот напор на големите промени со кои се соочува автомобилскиот свет во овие години, го принудуваат Сузуки да ги префрли трошоците и човечките ресурси кон развој на нови технологии – стои во соопштението на „Сузуки“.

Засега не се знае што ќе биде со сегашните возачи на „Сузуки“. Иако Шпанците Алекс Ринс и Жоан Мир имаа важечки договори со јапонскиот производител на мотори до крајот на оваа сезона, и двајцата во неколку наврати во последните месеци истакнаа дека би сакале да останат во истиот тим и во наредните години.

За услугите на Мир е заинтересиран „Репсол Хонда“, а според пишувањата на медиумите, јапонскиот тим го гледа во својот тим наместо неговиот сонародник Пол Еспаргаро. Од Дорна рекоа дека наскоро ќе соопштат колку екипи и возачи ќе има во Мото ГП шампионатот од следната сезона, но истакнаа и дека има доволно заинтересирани кои би го пополниле празното место со нов тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот