Суперлига: Еурофарм Пелистер во второто полувреме го скрши отпорот на Тиквеш
Продолжи победничката серија на Еурофарм Пелистер во Суперлигата откако денес во Кавадарци битолчани славеа со убедливи 20:30.
Препорачано
Пресудно беше второто полувреме во кое актуелниот вицешампион го покажа својот квалитет и го надигра домаќинот кој беше мотивиран стигнувајќи до двоцифрена победа.
Тиквеш во поголем дел од првото полувреме беше подобар противник. Избраниците на поранешниот селектор Брестовац добро се држеа, а „пелистерци“ за првпат поведоа пред крајот на полувремето 10:11. На пауза се замина со 12:13.
Првите минути од второто полувреме припаднаа на битолскиот состав, постигнаа пет гола, а примија само два гола. Така успеаа резултатски да се „одлепат“, за подоцна како што одминуваше времето да ја зголемуваат предноста се до конечните и највисоки „плус десет“.
Најефикасен беше Ханенерг со пет гола, а по четири постигнаа Кузманоски, Ѓоргоски, Пешевски и Костески. Во редовите на Тиквеш најрасположен беше Страхиња Симиќ со четири гола.
Во останатите два натпревари Тинекс Пролет со 35:30 беше подобра од Скопје, додека Голден Арт со 20:28 славеше со Јуниор Кисела Вода. Претходно денес Вардар убедливо го совлада Куманово.


