Судот конечно ѝ дозволи: Бритни Спирс сега може да зборува во свое име

Profimedia
Фото: Профимедиа

Адвокатот на Бритни Спирс, Семјуел Д. Ингам, изјави дека пејачката го замолила од судот да побара сослушување на кое таа ќе може да му се обрати директно на судот во врска со старателството.

Судот конечно процени дека пејачката Бритни Спирс (39) е подготвена да зборува во свое име.

Имено, нејзиниот адвокат Семјуел Д. Ингам изјавил дека Бритни го замолила од судот да побара статусно сослушување на кое таа би можела да му се обрати директно на судот. Адвокатот не откри за што би зборувала пејачката пред судот но изјави дека станува збор за статусот на стрателството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Судијата Бренда Пени ја одобри молбата и сослушувањето го закажа за 23 јуни.

Бритни од 2008 година под надзор на старател и категорично се противи нејзиниот татко Џејми Спирс да биде старател над нејзините работи и финансии. Џејми претходно отстапи од позицијата поради здравствени проблеми.

Спирс во моментот комуницира со фановите преку социјалните мрежи каде објавува интересни снимки со долги постови преку кои раскажува во каква ситуација се наоѓа во моментот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот