Судиите се оградуваат од секој докажан корумпиран колега, но бараат да нема генерализации по куќниот притвор за Ристов
Темелна и транспарентна истрага, оградување од секој докажан корумпиран судија и барање да не се прави генерализација на сите судии. Ова се главните пораки во соопштението до јавноста што го испрати Здружението на судии откако на Апелациониот судија Ѓоко Ристов му беше одреден притвор и во домот на неговите родители беа најдени заѕидани 350 илјади евра.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Во случај на докажана корупција, Здружението на судии јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со своето незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем. Таквите појави не смеат и не треба да се поврзуваат со судиите кои чесно, професионално и одговорно ја извршуваат својата функција, а кои претставуваат огромно мнозинство во судството. Во таа насока, Здружението бара целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии, како и воздржаност од генерализации кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем, пишуваат судиите.
Освен оваа тие сметаат дека ваков принципиелен одговорен пристап треба да има за сите општествени чинители и функционери кои се склони кон корупција.
-Како здружение остануваме посветени на јакнењето на владеењето на правото, независноста и интегритетот на судството, како и враќањето на довербата на граѓаните во правдата и институциите. Напоменуваме дека при секоја постапка мора доследно да се почитува уставното начело на пресумпција на невиност, како еден од темелните принципи на владеењето на правото и правната држава, во овие моменти на граѓаните не им е потребен сензационализам ниту органите на прогон ниту од политичките структури, напротив потребно е да покажеме достоинство, не селективен пристап и отчетност, со целосно почитување на човековите права и Европските вредности кон кои се стремиме како држава – се вели во соопштението.
Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница


