Судиите неправедни кон Борец, проценете сами дали имаше пенал!? (ВИДЕО)

fkrabotnicki.com

Денеска во првиот меч од седмото коло во Првата македонска фудбалска лига, Борец ремизираше 1:1 против Работнички, но можеше многу лесно велешките фудбалери да дојдат до сите три бода.

Како што и самите истакнуваат после одиграниот дуел, ова беше еден одличен првенствен натпревар со убави голови и добри потези и на двете страни.

Борец иако беше во негатива, се врати со прекрасниот погодок на Ѓоргиев и создаде многу шанси, имаше поголема иницијатива и посед на топката. Воедно се жали дека требаше да му биде досуден и пенал во второто полувреме, но според арбитрите било судиско убедување…?

„Ова беше седмо коло во ПМФЛ и на секој натпревар можеме да кажеме дека има спорен момент на наша штета.
Во прво коло имаме недолично однесување од судија кон нашата клупа и нашите играчи и неколку спорни офсајд напади на наша штета,

Второ коло црвен картон и безпотребни жолти картони за обични фаули на центар или во противничка половина,
Трето коло повторно црвен картон за старт на центар кога играчот е свртен со грб,

Четврто коло повторно пенал (имало допир?),
Петто коло се плашевме да нападнеме противнички играч поради фактот дека секој допир е фаул или пенал (и тоа се случи,секој допир е суден фаул за противникот и старт за пенал кој на микроскопска анализа и снимка имало намера за допир?)

Шесто коло,повторно пенал оти имало допир со рака а на видеото и со микроскоп не се гледа удар со рака и згора на тоа примен трет гол од чиста офсајд позиција што јасно се гледа на видеото и ситуација на 0-0 досуден непостоечки офсајд кога нашиот играч е очи во очи со голманот и
Седмо коло ситуација за пенал во која проценете и сами?

Со ова не сакаме да се правдаме, едноставно сакаме, фудбалска и судиска дебата и сакаме подеднаков критериум на сите судии и на секој натпревар.

Само така ќе имаме професионализам и фудбалски ќе успееме да го подигнеме нивото на Македонскиот фудбал“ – беше реакцијата на ФК Борец на фејсбук.

facebook.com/fkborec1919

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот