Судењето за убиството на Ивановиќ ќе започне денеска во Приштина

Косовското специјално обвинителство на 2 декември поднесе обвинение против шест лица – Недеjко Спасојевиќ, Марко Рошиќ, Драгиша Марковиќ, Жарко Јовановиќ, Радет Басара и Силвана Арсовиќ, осомничени за вмешаност во убиството на Ивановиќ.

Пред Специјалниот суд во Приштина денеска би требало да се одржи подготвителна расправа за обвинетите за вмешаност во убиството на лидерот на граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ на 16 јануари 2018 година во Косовска Митровица.

Подготвителното рочиште ќе биде затворено за јавноста и обвинетите накратко ќе се изјаснат за обвиненијата, ќе расправаат за доказите презентирани за време на судењето и одлуката на судот по барање на обвинителот да им одреди домашен притвор за тројцата обвинети кои сега ги бранат на слобода.

Косовското специјално обвинителство на 2 декември поднесе обвинение против шест лица – Недеjко Спасојевиќ, Марко Рошиќ, Драгиша Марковиќ, Жарко Јовановиќ, Радет Басара и Силвана Арсовиќ, осомничени за вмешаност во убиството на Ивановиќ.

Спасојевиќ и Рошиќ се наоѓаат во притвор од нивното апсење во ноември минатата година, Басара од октомври годинава, додека другите се бранат од слобода.

Ивановиќ, беше убиен на 16 јануари 2018 година, пред неговиот партиски штаб во Косовска Митровица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот