Суарез удри по Куман и екс претседателот Бартомеу: Се однесуваа со мене како да имам 15 години

Суарез минатото лето беше принуден да ја напушти Барселона/ фото: ЕPA-EFE/Kiko Huesca

Барселона одамна не се наоѓала на толку ниски гранки како сега, се наоѓаат на деветтото место во Ла Лига, а во Лигата на шампионите имаат два порази во два натпревари.

Како главен виновник за неуспесите, најголем дел од навивачите го посочуваат Роналд Куман кој прашање е дали ќе го дочека крајот на сезоната на клупата.

Како главен фаворит и на навивачите и на медиумите и на претседателот Жоан Лапорта фигурира легендарниот капитен од златната ера на Барселона, Чави Ернандез.

Но, поранешниот играч на Барселона, а сега член на Атлетико Мадрид, Луис Суарез во интервју за каталонски „Спорт“, вели дека е рано за Чави да се врати во Барселона и тоа како тренер.

– Како фан на фудбалот и на тоа што Чави го правеше на терените додека беше играч, мислам дека ова не е вистинскиот момент за да седне на клупата на Барселона. Не е моментот ниту денес, ниту утре ниту задутре. Чави е интелигентна личност и знае со какви проблеми се соочува клубот – вели Суарез кој нема дилеми дека Чави еден ден ќе седне на клупата на Барселона.

– Сметам дека ги има сите квалитети да биде тренер и сигурен сум дека еден ден ќе се докаже на клупата на Барселона и ќе биде успешен како што беше успешен како играч.

Според Уругваецот, кој минатото лето беше принуден да си замине од Барселона, виновни за тоа се Роналд Куман и поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу.

– За моето заминување подеднаква одговрност имаат поранешниот претседател Бартомеу и Куман кој со мене се однесуваше како да имам 15 години. Што се однесува до актуелната ситуација, војната помеѓу Лапорта и Куман влијае на  сиблекувалната – додава Суарез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот