Суарез подготвен за трансфер во Јувентус!? (ФОТО)

twitter/uefachampionsleague

После сите шпекулации околу иднината на Лионел Меси, повторно денеска во центарот на вниманието е неговиот соиграч од Барселона, Луис Суарез.

Најновите информации велат дека каталонскиот клуб конечно се договори со италијанскиот шампион Јувентус за продажба на уругвајскиот интернационалец.

И натаму нема никаква потврда од двата клуба, но од „Goal.com“ најавуваат дека Суарез се очекува да потпише договор на три години, со заработка од 10 милиони евра годишно.

Воедно играчот наскоро ќе полага испит за италијански јазик со цел да обезбеди пасош и така биде како „домашен играч“, а не како странец во клубот од Торино.

Заедно со Меси од летото 2014 година постигнаа 512 голови, Суарез има 198 и е третиот најдобар стрелец во историјата на Барса. А сега има шанса да игра со уште едно големо име во фудбалскиот свет, Кристијано Роналдо.

Депај ќе биде новиот напаѓач на Барселона!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот