Депај ќе биде новиот напаѓач на Барселона!?
Лион вчера го имаше првиот натпревар од новата сезона во француската „Лига 1“, и започна со убедлив триумф од 4:1 дома против Дижон. Иако неговиот клуб беше во негатива, Мемфис Депај беше најзаслужниот за пресврт на Лион со три постигнати голови.
Препорачано
Веднаш после мечот ги изненади навивачите со својата изјава за заминување од екипата:
'I do not know if I will do the full season here'
Barcelona target Memphis Depay drops hint of Lyon exit https://t.co/Mv5GLgBFHr
— MailOnline Sport (@MailSport) August 29, 2020
– Не гледам иднина во Лион и не сум сигурен дали ќе останам во клубот во продолжението од сезоната. Во Лион сум четири години, ја добив капитенската лента и сето тоа е убаво. Но, треба да мислам на мојата кариера, а тука нема повеќе Лига на шампиони – рече Депај.
Холандскиот напаѓач е една од желбите на Барселона во актуелниот преоден рок, има договор со Лион до следното лето, а можно е наскоро да се пресели на „Камп Ноу“ за нешто помалку од 40 милиони евра.
Во Лион дојде на позајмица од Манчестер јунајтед каде што не ги покажа вистинските квалитети. Севкупно за францускиот клуб во 139 натпревари, реализираше 57 голови и запиша 43 асистенции од 2017 година.


