4 C
Скопје

Студиите докажаа: Работењето од дома носи помалку стрес, а поголема продуктивност

Многу големи компании како што се Гугл, Фејсбук, Твитер, Сименс, на своите вработени им одобриле работа од дома на неопределено време, доколку така повеќе им одговара.

Пред коронакризата беше незамисливо милиони работници, а особено за така кратко време, да се префрлат на работа од дома, но тоа сепак се случи бидејќи канцелариите повеќе не беа безбедни.

Сепак, една германска студија покажа дека работата од дома за време на пандемијата на коронавирусот, работниците ја доживуваат позитивно.

„Вработените кои за време на пандемијата преминале на работа од дома поретко се наоѓаат под стрес и се попродуктивни“, произлегува од студијата, којашто заедно со здравствената осигурителна куќа „DAK“ ја направил Институтот „Forsa“ и „Iges“.

Прочитајте и...  Емина Јаховиќ ќе го тужи Мустафа за 26 месеци неплатена алиментација: „Денот кога се почувствував најлошо е кога дознав дека не им е платено здравствено осигурување на децата“
Фото: Профимедиа

Пред избивање на пандемијата 21% од испитаниците рекле дека се наоѓаат под стрес, додека истото тоа сега, во текот на оваа светска здравствена криза, го рекле само 15% од луѓето.

Многу големи компании, од друга страна, сфатија дека на тој начин штедат големи пари и ги намалуваат трошоците за работа, а сета ситуација излегла добра и за психичкото здравје на повеќето работници.

Помеѓу оние кои во меѓувреме редовно работат од дома, 56% од нив изјавиле дека дома се чувствуваат попродуктивно, отколку на работното место.

Фото: Профимедиа

Во позитивните ефекти на работата од дома спаѓаат и подобро усогласување на работата и семејството (две третини од испитаниците), а ист процент како посебно позитивен ефект на работата од дома го навеле тоа што не мора да трошат време за патување до работното место.

Прочитајте и...  ФОТО | Џеси Џеј е повторно среќна и вљубена: Ова е нејзиното ново момче

„Работата од дома не само што ја намалува опасноста од зараза, туку помага и за создавање душевна рамнотежа“, рече, директорот на DAK, Андреас Сторм.

„Вработените кои периодот на корона-кризата го поминуваат работејќи од дома, чувствуваат помал стрес, а покажуваат поголема продуктивност“.

Фото: Профимедиа

Тој рекол дека овие позитивни сознанија би требало да се согледаат при пристапот кон работата од дома во иднина и дека притоа би требало да се настојува да се избегнат негативните аспекти на работата од дома.

Тоа пред се се однесува на проблемот на јасното одвојување на приватниот и работниот живот, што е посебно воочливо кај младите вработени, помеѓу 18 и 29 години. Три четвртини од испитаниците, имено, како негативност го истакнуваат фактот дека повеќе не се гледаат со колегите од работа.

Прочитајте и...  Богатата наследничка во долгови: Тамара во 2020 година загубила милиони!

Владејачката Социјалдемократска партија на Германија неодамна најавила иницијатива за законска регулатива која би овозможила право на работа од дома.

Поврзани вести

„Се чувствував виновен и длабоко посрамотен“: Ентони Хопкинс призна зошто му се препуштил на алкохолот

Слободен печат

ВИДЕО | Сон на секој што чува домашно милениче и нема двор: Лола е куче што користи нокшир!

Слободен печат

Лесно влегуваат во долгови и не знаат за доста: Овие 5 хороскопски знаци се најголемите трошаџии

Слободен печат

ФОТО | Ги извлекле нивните среќни броеви на лотарија за „џек – пот“, а Рејчел и Лиам не го уплатиле добитното ливче!

Слободен печат

Богатата наследничка во долгови: Тамара во 2020 година загубила милиони!

Слободен печат

ФОТО: Максимализам, новиот популарен тренд во уредување на домот

Слободен печат

Остави Коментар