Струга ТЛ елиминирана, Захариевски вели: Подобриот тим оди понатаму

фото: ФК Струга Трим Лум

Екипата на Струга Трим Лум доживеа убедлив пораз од Лиепаја во реваншот од првото квалификациско коло за пласман во УЕФА Конференциската лига.
Стружани не успеаја да го валоризираат позитивниот резултат од првиот натпревар (1:1) и денеска на трениг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ доживеаја убедлив пораз од 1:4. Тренерот на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски смета дека понатаму помина подобриот тим.

– Едно се желбите, но друго се можностите. По се покажано во двата меча подобриот тим оди понатаму. И по првиот меч реков дека Лиеапаја е квалитетен тим, а тоа го покажаа на реваншот во Скопје. Се боревме колку што можеме, но на крајот Летоците заслужено одат понатаму –изјави Захариевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот