Падна првата „жртва“ на Сан Сиро после поразот во Удине
„Росонерите“ потврдија денеска дека е прекината соработката со хрватскиот одбранбен играч, Иван Стриниќ.
Препорачано
После поразот на стартот од Серија А од Удинезе на нашиот Несторовски, челниците од „Сан Сиро“ веднаш со потег и сега Стриниќ е слободен играч.
После доаѓањето на Тео Ернандез од редовите на Реал Мадрид, доби голема конкуренција на својата позиција и очигледно дека тешко ќе добие шанса кај тренерот Џампаоло за новата сезона.
32-годишниот дефанзивец во својата кариера беше дел уште од Наполи, Днипро Днипропетровск, Хајдук Сплит, Хрватски Драговољац и Б тимот на Ле Ман.
За најдобрата хрватска репрезентација има 49 натпревари со која лани на Светското првенство го освои сребрениот медал.
Official Statement: Ivan Strinić ➡ https://t.co/QMZN7ylkG0
Comunicato Ufficiale: Ivan Strinić ➡ https://t.co/ztuPJODcDt pic.twitter.com/MoQ4EPLxkz
— AC Milan (@acmilan) August 26, 2019
Навивачите на овој клуб се надеваат дека пред завршувањето на преодниот рок ќе биде ангажиран Анхел Кореја, но Аргентинецот никако да си замине од Атлетико Мадрид.
Се шпекулира уште едно име, станува збор за младиот одбранбен играч Лукас Мартинез (23) кој во својот договор со Ривер плејт има откупна клаузула од 22 милиони евра.


