Несторовски дебитираше со победа над Милан

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски имаше победнички старт за Удинезе, откако во првото колко од Серија А одигра 20 минути за својот тим кој славеше со 1:0 над Милан. Несторовски влезе во игра во 70-та минута, а две минути подоцна по еден корнер Удинезе поведе преку Бекао.

Вчера пак, за прв пат во најсилната италијанска лига настапи, Елиф Елмас и тоа во дресот на Наполи кој со 4:3 ја победи Фиорентина како гостин.

Третиот Македонец во Серија А, капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев одигра една минута за Џенова која остана непоразена на жешкото гостување кај Рома. Иако Рома во три навради водеше со головите на Ундер, Џекои Коларов, фудбалерите на Џенова на крајот успеаја да истанат непоразени благодарение на Пинамонти, Кришито и Куаме.

Прочитајте и...  „Кралевите“ во Манчестер бркаат негатива, а Бејл игра голф! (ВИДЕО)

Првото коло во новата сезона го одбележи тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ. Тој само што ја заврши терапијата, веднаш се упати во Верона и ја предводеше Болоња од клупата. На крајот Болоња остана непоразена играјќи 1:1 против Верона.

Резултати:

Удинезе – Милан 1:0
Рома – Џенова 3:3
Каљари – Бреша 0:1
Сампдорија – Лацио 0:3
СПАЛ – Аталанта 2:3
Торино – Сасуоло 2:1
Верона – Болоња 1:1

 

Прочитај повеќе

„Кралевите“ во Манчестер бркаат негатива, а Бејл игра голф! (ВИДЕО)

Слободен печат

ЛШ: Наполи со Елмас на реваншот против Барселона

Слободен печат

Маркоски и Трапановски се новите играчи на Академија Пандев

Слободен печат

Надал донесе исправна одлука, кај дамите настапот на УС Опен го откажаа и Свитолина и Бертенс

Слободен печат

Ѓоковиќ откри која му е најважната личност во животот

Слободен печат

Артур Мело се враќа во Барселона, за да го раскине договорот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Работнички пред нова суспензија од ФИБА, повторно не го исплаќа договореното

Слободен печат

Трагедија: На тренинг почина поранешен кошаркар на Црвена звезда

Слободен печат

Сетиен: Не можам да замислам дека ова ми е последниот натпревар

Слободен печат

Што се случува на релација Дортмунд – Манчестер и зашто трансферот на Санчо е пред колапс?

Слободен печат

Рејсинг Поинт казнет за копирањето на болидите на Мерцедес

Слободен печат

Карантинот лошо влијаеше на Раонич, изгледа како да изел слон (ФОТО)

Слободен печат