СТРАШНО: Албанец во Австралија ја убил неговата ќерка зошто излегувала ноќе со другарки (ФОТО)

Топ Чанел

Петрит Лекај, Албанец во Аделаида, Австралија, по потекло од Скадар, е обвинет дека ја убил неговата ќерка, Сабрина Лекај, бидејќи таа излегувала со пријателките ноќе, пренесува Топ Чанел.

Девојката на 20-годишна возраст беше пронајдена мртва во автомобил, прободена со нож, неколку часа откако се разделила од пријателките. Нејзината мајка ѝ телефонирала на полицијата најмалку еден час откако девојчето починало.

Полицијата го пронајде нејзиниот татко кој е на 49-годишна возраст, покрај неа, внатре во автомобилот, со крв и со рани од нож во стомакот. Полицајците биле принудени да го скршат стаклото на автомобилот за да ги извадат двајцата. Таткото бил испрашуван, а потоа задржан во притвор, додека против него е покренато обвинение за убиство на ќерката. Се очекува тој да излезе пред суд овој петок, откако бил на операција за раните.

Една блиска пријателка на починатата изјавила за австралиските медиуми дека девојката била загрижена дека нејзиниот татко ќе ѝ вика кога ќе отиде дома, бидејќи ја поминала вечерта забавувајќи се со нив до доцна во ноќта.

Девојката била позната како талентирана студентка и талентирана пијанистка. Гимназијата ја завршила во 2016 година со просек од 99,36 и сега била при крај со високото медицинско училиште и за пијано, со одлични резултати.

Топ Чанел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот