Фото: илустрација / Фејсбук / Мој Београд

Страшна сообраќајна несреќа во Србија: Спасувачите сечеле лим на смачкана кола за да ги извадат загинатите

Во директен судир меѓу автомобил и камион, двајца загинаа на самото место, додека, пак, жена и деветгодишно дете со тешки повреди итно биле пренесени во Белград.

Страшна сообраќајна несреќа утринава однесе жртви на Ибарската магистрала во Србија, објави „Нова“.

Во директен судир меѓу патничко возило и камион, двајца загинаа на самото место, додека, пак, жена и деветгодишно дете со тешки повреди итно биле пренесени во Белград.

Несреќата се случила под сè уште неразјаснети околности, а силината на ударот била толкава што колата била речиси целосно уништена.

На терен, покрај повеќе екипи на Итната помош, излегле и пожарникари-спасувачи кои со сечење на лимот дошле до загинатите и до повредените.

Лекарите можеле само да ја констатираат смртта на двајцата од автомобилот, додека, пак, жената и детето веднаш биле упатени кон здравствени установи во Белград.

Според неофицијални информации, двајцата повредени биле примени со тешки телесни повреди, опасни по живот.

ВИДЕО | Струмичанец излетал со кола од патот Штип – Радовиш, пожарникари го ваделе од возилото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот