СТРАШНА БЕЛА АЈКУЛА фатена во ДРАЧ: Може да биде опасна и за луѓето (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Албанското крајбрежје по се игледа стана примамливо место за ајкулите. За една недела во крајбрежјето на Драч се фатени две вакви “чудовишта“.

Синоќа уште една ајкула која тежи скоро 500 килограми беше уловена од рибарите на Драч со бродот „Челепија“. Ајлуката е долга 4.5 метри и според рибарите е бела, што е редок вид за албанските води.

Ајкулата која е фатена на длабочина од 130 метри, како што јавуваат албанските медиуми, е опасна грабливка која може да ги напаѓа и луѓето.

Оваа ајкула вообичаено се среќава во површинските океански води, но во последните години се среќава и во Средоземното Море.

Пред една недела, друга ајкула од видот „тигар“, која беше со слична величина, беше уловена во Драч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот