Фото: Pexels/Marina Gr

Странските туристи во Турција потрошиле рекордна милијарда долари за сувенири

Турскиот туризам постигна нов рекорд – за прв пат, продажбата на сувенири на странски туристи надмина една милијарда долари. Имено, Турскиот институт за статистика (TÜİK) објави дека странските туристи купиле сувенири во вкупна вредност од 1,05 милијарди долари во првата половина од годината. Тоа е за 15 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година, кога изнесуваше 904 милиони долари.

Понатаму, во првите шест месеци, оваа земја оствари приход од туризам од 25,78 милијарди долари, што е за 7,6 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Ова е највисок приход од туризам во првата половина од годината досега. Бројот на посетители се зголемил за 1,7 проценти, надминувајќи 25,53 милиони- пишува Кликс.ба.

Како што пишува весникот „Хуриет“, овие бројки го потврдуваат континуитетот во силата на турскиот туризам. Туристите главно купувале магнети, текстилни производи, рахат локум, сушено овошје и теписи. Продажбата на сувенири е меѓу најпрофитабилните сегменти на турскиот туризам.

Сепак, туристите во оваа земја трошеле најмногу за храна и пијалоци (5,43 милијарди долари), стоки и услуги (4,57 милијарди долари), домашен и меѓународен превоз (3,54 милијарди долари) и облека и обувки (2,69 милијарди долари).

Според Светската туристичка организација на Обединетите нации, минатата година Турција ја посетиле 56,7 милиони странски туристи, што ја прави четврта најпосетувана земја во светот. Нејзините приходи од туризам минатата година изнесувале рекордни 61,1 милијарда долари, пишува Хуриет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот