Столтенберг загрижен поради „запаливата реторика“ на Додик

Столтенбег Додик
Јенс Столтенберг/ Милорад Додик/ Фото Колаж на СП/ Фото EPA

Во пресрет на денешниот самит на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг изјави дека е загрижен поради, како што наведе, „запаливата реторика“ на српскиот член на Претседателството и лидер на СНСД од Република Српска, Милорад Додик.

БиХ ќе биде една од темите на дводневниот самит во Рига, пренесува Српскаинфо.

Пред се, мислам дека треба да запомните дека изминавте долг пат во Западен Балкан. НАТО е присутен овде од 1990-тите. Помогнавме да се стави крај на две етнички војни во БиХ, а подоцна и во Косово и Србија. Значително сме присутни на Косово преку КФОР, како и во БиХ – рече Столтенберг.

Тој додаде дека се загрижени поради зголемените тензии на кои се сведоци и дека затоа го поздравуваат фактот што НАТО и ЕУ тесно соработуваат во регионот, „и во Косово и во БиХ“.

Во однос на БиХ, загрижени сме за секој обид за поткопување на мултиетничноста на институциите, особено на вооружените сили, кои се една од најуспешните мултиетнички институции во БиХ. НАТО беше важен во градењето на вооружените сили на БиХ како силна, мултиетничка институција. Затоа сме загрижени за запаливата реторика на господинот Додик, а од Република Српска – изјави Столтенберг за новинарите.

Тој додаде дека тие продолжуваат да ги поддржуваат сите напори за намалување на тензиите, како и градењето капацитети за БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот