Стојкоски: Во Ѓорче Петров подготвени ќе ги дочекаме снежните врнежи

Општина Ѓорче Петров, како што најавува градоначалникот Александар Стојкоски, подготвено ќе ги дочека снежните врнежи во претстојната зима. Одржан е состанок на општинскиот Кризен штаб за да се делува навремено и плански.

Сите вклучени страни се максимално подготвени. Залиха на сол веќе имаме подготвено, а ќе набавиме и доволна дополнителна количина. Годинава првпат располагаме и со сопствено возило за зимски услови, кое ќе ни ја олесни постапката на расчистувње снег штом се јави потреба за тоа. Полицијата во Ѓорче Петров веќе изготвува посебен план и ќе интервенира редовно, но и вонредно каде што има потреба. Особено внимание ќе обрнеме на критичните точки, како што се мостот кон населбата Даме Груев и патот кон Кучково – информира Стојкоски.

Тој додаде и дека е предвидена24-часовна дежурна служба на критичниот мост со цел превенција на евентуални сообраќајни незгоди, а ќе има и редовна комуникација со  Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје, фирмата „Анизор“ која е задолжена за зимско одржување, како и со месните и со урбаните заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот