Влатко Стојоски-директор на државен пазарен инпекторат/ Фото: Сл. печат/ Драган Митрески

Стојкоски: Бензинските пумпи не криеја залихи, ќе ги контролираме и цените на храната

До денеска се направени 300 контроли на бензински пумпи, увидено е дека 30-тина бензински станици ги истрошиле залихите и краткотрајно престанале со точење

Не е констатирано криење на залихите на гориво, покажале контролите на Пазарниот инспекторат спроведени во изминатите денови.  Директорот на Пазарниот инспекторат Влатко Стојкоски изјави дека од четвртокот се извршени над 300 инспекциски надзори, а кај дел до бензинските станици продолжен е инспекцискиот надзор.

– Не е констатирано дека имало криење на залихите на гориво, меѓутоа е увидено дека 30-тина бензински станици ги истрошиле залихите, престанале со точење, меѓутоа по час-два можеби и четири часа, по ново танкирање на резервоарите продолжуваат со точење на гориво. Таква беше ситуацијата во овие три четири дена – изјави Стојкоски кој денеска заедно со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова присуствува на настанот „Усогласеноста и фер конкуренцијата одат заедно“.

Од Пазарниот инспекторат најавуваат контроли и кај трговците поради можноста за зголемување на цените на прехранбените производи. Директорот на Пазарниот инспекторат очекува трговците да покажат општествена одговорност.

– Уште од денеска ќе биде формиран тим, изготвуваме Оперативен план и ќе има инспекциски надзори по маркетите, дистрибутерите, увозниците и производителите на храна така што наредниот период ќе се посветиме стриктно на тоа. Се надевам на разум кај трговците имајќи превдид дека и светот се соочува со светска економска криза и очекувам и нивна општествена одговорност. Оваа Влада во многу наврати покажала дека е партнер со трговците во смисла на обезбедување евтини кредити, овозможување фер и лојална конкуренција така што како Испекторат ќе бидеме на терен и ќе ги следиме бруто профитните маржи – рече Стојкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот