Стојановски: Мислам дека нема да продолжи првенството во Франција

фото: kfsm.mk

Нашиот кошаркарски репрезентативец чека официјални вести, според него поверојатно е дека следната сезона Про А лигата ќе брои 20 тимови учесници.

И еден од најискусните македонски играчи е еден од оние кои оваа натпреварувачка сезона ќе ја паметат како турбулентна.

Само што ја пронајде својата препознатлива форма како играч на По Ортез, а ја подигна во дресот на Гравелин Данкерк, Војдан Стојановски мораше да прекине со тие активности кои го вратија во некоја играчка „нормала“ по онаа пауза на стартот на сезоната кога беше без професионален ангажман.

Наместо крај на сезоната во најдобрата француска лига, капитенот на сениорската селекција сега е во некоја „стенд-бај“ ситуација. Чека вести, по можност добри, околу иднината…

Условно кажано, ништо не работам во овој момент. Чекам информации, официјални, од Франција, да соопштат нешто поврзано со лигата. Засега нема некоја дефинитивна одлука. Не се знае што и како ќе се одвиваат работите. Но, мое лично убедување е дека лигата нема да продолжи.

Едноставно нема како, доколку се земе в предвид големиот број на странски кошаркари, посебно оние од САД, кои реално, тешко ќе се вратат во Франција во една ваква ситуација. Плус оние законски рамки кои со себе ги има секоја држава во светот, пооделно. Многу поверојатно е дека следната сезона ПРО А лигата ќе брои 20 тимови учесници – се зборовите на Стојановски.

Целото интервју на нашиот репрезентативец на официјалниот сајт на македонската кошаркарска федерација можете да го прочитате ТУКА

Јакимовски конечно ја напушти Италија и се врати во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот