Стојанче Стоилов апелира да му се помогне финансиски на Вардар 1961/Фото: EPA-EFE/Tamas Vasvari

Стоилов: Бездушно нè казнија од ЕХФ, не се свесни каква е ситуацијата кај нас

Како што информираше генералниот менаџер на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски, од ЕХФ на 17 јуни 2022 год, клубот добив известување дека поради ненавремено подмирување на обврските македонскиот првак не може да игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Во изминатиов период од две години беа подмирени обврски во висина од околу 2,3 милиони евра и беше уплатен депозит на сметка на Европската ракометна федерација во висина од 300.000 евра.

На 21 јуни 2022 година во утринските часови РК Вардар 1961 АД Скопје вложи приговор до ЕХФ и понуди издавање на неотповиклива банкарска гаранција за обврските над износот на депозитот од 300.000 евра, кои ќе бидат верификувани. Но, ЕХФ на 22 јуни не го прифати тоа, и ја потврди одлуката за исклучување.

Капитенот на Вардар 1961, Стојанче Стоилов даде свое видување на ситуацијата:

– Разочаран сум, многу нè погоди одлуката на ЕХФ. Од таму мислам дека не се свесни каква е ситуацијата кај нас, бездушно нè казнија поради долгови. Сега кога клубот застана на нога после неколку тешки години, со засилувања, тешка освоена двојна круна, нè погоди одлуката, нè врати една година назад. Не сакаме да нагаѓаме и претходно имаше време да нè казнат, сега навинстина е чудно. Но, гледам субјектино, тука сум долго време, тука останувам, ќе поминеме и низ ова. Се надевам дека Михајловски ќе биде со нас, мислам дека уште не е време да си замине, затоа што тој дојде и го спаси Вардар. Не може да згасне Вардар, ни се ветуваше, добивме нула поддршка. Секаде е тешко, пандемија, војна, не е лесно. Апелирам со некој дел да се помогне, не играме ЛШ, но не е сè загубено, со овие играчи одиме по нови титули. Ќе биде многу тешко, Е. Пелистер го почитуваме, прав ривал како што одамна не сме имале, ние ние сме Вардар, ние сме шампиони – беа зборовите на капитенот на екипата, Стојанче Стоилов.

Михајловски: Не добивме никаква помош, ја најавив оставката, но нема да го оставам Вардар

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот