Стивнува бурата во српската репрезентација: Тадиќ му се извинил на Пикси

Фото: EPA-EFE/Robert Hegedus

По натпреварот против Англија во репрезентацијата на Србија најмногу се пишуваше за незадоволството помеѓу капитенот Душан Тадиќ и селекторот Драган Стојковиќ – Пикси. Српскиот фудбалер беше нездоволен од одлуката Пикси да го остави на клупата против Англичаните и тоа јавно го кажа изјавувајќи дека се смета себеси за најдобар играч во репрезентацијата.

Пикси и пред новинарите јасно кажа дека не ја оправдува постапката на Тадиќ да зборува пред новинарите за такви работи. Но, сега изгледа ситуацијата е комплетно решена. Фудбалскиот сојуз на Србија објави дека Тадиќ се извинува до Пикси за неговата постапка.

„Во хотелот во Аугзбург каде што престојува репрезентацијата на Србија во текот на ЕП во Германија, се одржа состанок меѓу стручниот штаб и играчите, на чело со селекторот Драган Стојковиќ Пикси и репрезентативците. Имаше говор за претстојните предизвици, а меѓу другото капитенот на репрезентацијата Душан Тадиќ ја искористи шансата да се извини на селекторот и соиграчите за непромислените изјави по натпреварот со Англија. Репрезентацијата на Србија според планот и програмата продолжува со подготовките за вториот меч на ЕП“, објави ФСС.

Србија во следните две кола од групната фаза ќе игра против Словенија и Данска и се надеваат дека ќе се изборат за место во осминафиналето.

Пораз од Англија и веднаш „искри“ во Србија: Тадиќ незадоволен, Пикси вели дека станувало збор за „тактика“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот