Стил на неделата: Јована Стојменовиќ, ТВ водителка и главна уредничка на „Убавина и здравје“

Јасмина Филиповска, новинар во „Бекстејџ“ и дел од тимот на „Убавина и здравје“, за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа тоа е Јована Стојменовиќ, ТВ водителка и главна уредничка на „Убавина и здравје“.

– Кога ми беше поставено прашањето која жена според мене е синоним за стил, а се занимава со слична професија како мојата, без размислување знаев дека мојот избор е Јована Стојменовиќ. Жена која долги години работи како ТВ водителка, паралелно ја извршува и функцијата главен и одговорен уредник на магазинот „Убавина и здравје“, жена која освен што ниже професионални успеси, важи и за една од најубавите дами кај нас, а приватно зрачи како личност со добрина и има неверојатна харизма на која што можат да ѝ позавидуваат многумина. Со оглед на тоа што сум имала можност приватно да ја запознаам, па и да работам со неа, сè што е погоре наведено е напишано врз основа на моето искуство што сум го стекнала додека сме работеле заедно. Морам да кажам дека ѝ завидувам на непосредноста, начинот на кој со леснотија функционира, секогаш е насмеана, дотерана, позитивна, има неверојатна смисла за хумор и слободно можам да кажам дека е жена од која сум имала можност да научам многу, како за работата, така и за животот, со оглед на тоа што секогаш е расположена за да ви даде совет, да ви помогне, да ви го разубави секојдневието, макар и со ситница, која во тој момент многу ви значи. Жена пример за тоа како треба да изгледа и да се однесува една јавна личност. Зад себе има кариера без ниту една дамка, ниту еден скандал и е обожавана како од страна на колегите, така и од публиката, која се буди секое утро со неа на Сител телевизија и ги чита приказните кои заедно со својот тим ги презентира преку страниците на „Убавина и здравје“, вели Јасмина Филиповска, новинар во „Бекстејџ“ и дел од тимот на „Убавина и здравје“.

Јасмина Филиповска

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот