Фото: EPA/ALI HAIDER

Стигна одговорот за Роналдо: Зошто е лут? Треба да го прашате него…

Кристијано Роналдо овие денови се најде во центарот на вниманието откако отвори „штрајк“ во Саудиска Арабија, незадоволен од начинот на кој се одвиваше зимскиот преоден рок. Неговата реакција наводно довела до тоа да бидат доведени во прашање неколку големи трансфери во саудиските клубови, но по интервенција на државните структури, сепак дел од зделките беа реализирани, меѓу нив и трансферот на Карим Бензема во Ал Хилал.

Роналдо, според информациите, бил разочаран бидејќи Ал Наср не успеал да биде доволно конкурентен на трансфер-пазарот и не донел засилувања со кои би можел сериозно да се вклучи во борбата за трофеи.

На ваквите реакции од португалската ѕвезда денеска одговори извршниот директор на Ал Хилал, Естеве Калсада.

„Зошто е лут? Тоа треба да го прашате него. Ние добивме единствена можност, баравме напаѓач, а Бензема е освојувач на Златната топка и фудбалер со исклучителен квалитет. Дополнително, нему не му е потребно прилагодување на нашата лига, сè се вклопи совршено за нас, а веќе ги чувствуваме и комерцијалните придобивки“, изјави Калсада.

Изјавата само дополнително ја разгоре приказната околу ривалството меѓу двата саудиски гиганта и незадоволството на Роналдо од амбициите на Ал Наср.

Ќе потсетиме, двата клуба од Саудиска Арабија се во сопственост на државниот фонд, а Роналдо беше незадоволен бидејќи сметаше дека неговиот клуб е во втор план.

Драма во Саудиска Арабија: Роналдо одбил да игра за Ал-Наср

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот