Карим Бензема/Al-Hilal

Бензема го комплетираше еден од најчудните трансфери во овој преоден рок

Карим Бензема и официјално е нов фудбалер на Ал-Хилал, во трансфер кој со право се вбројува меѓу најзвучните во финишот од зимскиот преоден рок, не само во Саудиска Арабија, туку и на светско ниво.

Иако во изминатиот период искусниот француски напаѓач често се поврзуваше со можно враќање во Европа, Бензема реши да остане на Блискиот Исток и да го засили актуелниот лидер во Саудиската Про лига.

Французинот пристигна во Ал-Итихад во летото 2023 година, следејќи го трендот на големи фудбалски имиња кои кариерата ја продолжија во Саудиска Арабија. За две и пол сезони во клубот, Бензема ја освои двојната круна во 2025 година, шампионската титула и Купот, а зад себе остави импресивна статистика од 54 гола и 17 асистенции на 83 натпревари.

Сепак, соработката со Ал-Итихад беше прекината пред истекот на договорот, кој важеше до јуни 2026 година. Причина за раскинот беше несогласување околу продолжувањето на договорот. Бензема не ја прифати понудата на клубот, оценувајќи ја како потценувачка и недостојна за неговиот реноме, по што реши да се повлече и не настапи на последниот првенствен натпревар. По тој потег, раководството на клубот прифати спогодбен раскин.

Настанатата ситуација експресно ја искористи Ал-Хилал. Клубот од Ријад, предводен од клупата од Симоне Инзаги, реагираше брзо и му понуди на Бензема договор на една и пол година, со важност до јуни 2027 година. Францускиот ас ги прифати условите, а Ал-Хилал вечерва и официјално го потврди неговиот трансфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот