Стевановиќ: Ковид-19 е непредвидлив, лекуваме пациенти по осум недели, ги губиме за секунда

Милена Стефановиќ/ Фото: МИА

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 ја истакна непредвидливоста на ковид-19 со која се соочуваат здравствените работите кои лекуваат пациенти по осум недели, а ги губат во секунда.

– Се соочуваме со исклучително тешки пациенти при самиот прием, кога е тешко да се помогне и да се спаси пациентот. Но исто така има и пациенти кои се навреме примени, лекувани 8 недели на третман, и кога мислите сте ја завршиле работата, и кога сте мислеле дека е стабилно, се е во ред, во следните неколку часа ситуацијата се влошува и го губиме за секунда, рече Стевановиќ.

Таа се осврна и на високиот број смртни случаи за што истакна дека е очекуван со оглед и на зголемените бројки на новозаболени и хоспитализирани лица.

– И светските трендови покажуваат дека со зголемување на бројот на нови случаи и пополнување на капацитетите, расте и бројот на смртни случаи. Максимално сме транспарентни кон јавноста за сите бројки, па и на бројката на смртност, истакна Стевановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот