Стефановиќ: Силно ја поддржувам задолжителната вакцинација за воените лица

Фото: SRDJAN STEVANOVIC / AFP / Profimedia

Министерот за одбрана зборуваше и за задолжителната воена служба оценувајќи дека неговиот личен став е дека во Србија треба да се воведе и оти за тоа треба да се дискутира

Српскиот министер за одбрана, Небојша Стефановиќ денеска изјави дека силно ја поддржува задолжителната вакцинација против Ковид-19 за воените лица, наведувајќи дека во воениот систем постои дисциплина и по тоа прашање.

– Ние немаме никаква обврска, но јас тоа силно го поддржувам, го советувам тоа и сите луѓе кои се вакцинираат потпишуваат дека тоа го прават доброволно. Но, во војската постои еден вид дисциплина и одговорност, затоа верувам дека до крајот на годината вакцинацијата ќе се засили и таа ќе се подобри, изјави Стефановиќ на ТВ Прва.

– Имаме подобра состојба со короната бидејќи имаме вакцина, но не и доволно вакцинирани. Секој мора да разбере дека треба да се вакцинираме, ако сакаме да си помогнеме себеси, но и на здравствените работници, додаде Стефановиќ,.

Министерот за одбрана зборуваше и за задолжителната воена служба оценувајќи дека неговиот личен став е дека во Србија треба да се воведе и оти за тоа треба да се дискутира.

Според Стефановиќ воведувањето на задолжителната воена служба не треба да се прави набрзина, туку со сите обезбедени услови, инфраструктура која може да ги прими младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот