Стефан Михајловски Фото: Prokickfamily

Стефан Михајловски стана светски вицешампион во кик-бокс

Македонскиот кик-боксер, Стефан Михајловски, освои сребрен медал на Светското првенство во Абу Даби, по поразот во финалето од Полјакот Рафал Гасчак. Со ова, Македонија го заокружи настапот со три медали, откако Бобан Илиоски и Силвио Мировски освоија бронзи.

Михајловски започна одлично во дисциплината „кик лајт“ над 94 килограми, победувајќи ги Михал Јанак (Словачка), Мостафа Саад (Египет) и Блаж Поточник (Словенија).

Во финалето, Гасчак беше поуспешен, но Михајловски со своите настапи ја потврди својата класа на меѓународната сцена.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот