Стартни состави: Нападот останува ист, Трајковски и Бејтулаи од првата минута против Бугарија

Македонија најверојатно ќе има уште еден тест пред квалификациите за ЕП 2024/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје македонската А репрезентација ќе го игра последниот шести натпревар од групата „4“ во Ц сегментот од Лигата на нации против Бугарија (20.45 часот).

Селекторот на нашата селекција, Благоја Милевски во однос на дуелот со Грузија во Тбилиси, направи неколку промени во стартниот состав.

На голманската позиција останува Димитриевски, во одбраната како стартери остануваат Зајков и Муслиу, а од првата минута овојпат ќе започнат Бејтулаи и Тодороски.

Во средниот ред исто така има промени, Трајковски ќе игра од првата минута, Алиоски сега ќе биде нешто понапред, а остануваат како стартери Барди и Елмас.

А во нападот нема никаква промена, исто како на мечот со Грузијците, најблиску до противничкиот гол ќе бидат Миовски и Ристовски.

Резервни играчи се Ашковски, Атанасов, Дориев, Велковски, Серафимов, Елези, Димовски, Дор. Бабунски, Спировски, Фазлагиќ.

Стартни состави –

Македонија: Димитриевски, Бејтулаи, Зајков, Муслиу, Тодороски, Трајковски, Барди (капитен), Елмас, Алиоски, Миовски, Ристовски.

Бугарија: Наумов, Недјалков, Антов, Галабов, Попов, Груев, Стефанов, Карабелјов, Петков, Кирилов, Десподов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот