Стар рецепт за туршија: Eдинствен начин да ги заштитите сите витамини од зеленчукот и да ја направите „најздравата салата“

Фото: Профимедиа

Ако сте љубител на туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“.

Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време е тоа да го направите и со туршијата. Туршијата спаѓа во една од најздравите салати и се задолжителен дел од зимското мени:

Состојки

– 5 кг туршија: краставици, пиперка, моркови, зелен домат, карфиол, мал кромид
– 5 литри вода
– 1 л оцет 9 отсто
– 13 лажици шеќер
– 5 супени лажици сол
– ќесичка винобран
– зачини: рен, бибер во зрно, ловоров лист…

Подготовка:

Краставиците потопете ги накратко во вода, а потоа добро измијте ги и исечете ги петелките. Пиперките (најдобро жолти и зелени) прободете ги со вилушка на неколку места за полесно да ја впијат течноста, карфиолот исечете го на цветчиња, исчистете го младиот морков.

Сиот зеленчук ставете го во буре, па прелијте го со вода (неварена) во која се додадени оцет, шеќер, сол и винобран. Зачинете по вкус, а потоа притиснете го добро да се впие во течноста. Зеленчукот можете и дополнително да го додавате, како и соодветната количина сол, важно е секогаш да биде покриено со течност.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот