Стар рецепт од нашите баби: Слатко од бело грозје од само 4 состојки

слатко
Домашно слатко од бело грозје / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во минатото, утрата не можеле да се замислат без шолја кафе и лажица домашно слатко. Нашите баби правеа слатко од бело грозје, а рецептот се пренесува од колено на колено, а за подготовка на овој деликатес ви требаат само 4 состојки.

Разубавете си го секојдневнието себе и на вашето семејство со слатко по стар рецепт и сигурно сите соседи ќе ви го побараат рецептот.

Состојки:

– 1 кг бело грозје
– 1 кг шеќер
– 100 мл вода
– еден лимон

Подготовка:

Грозјето исчистете го од дршките, убаво измијте го и оставете го да се исцеди. За тоа време во широка шерпа истурете го шеќерот. Додадете ја водата и загрејте на средна топлина со постојано мешање додека не се раствори шеќерот. Пред да почне да се карамелизира, додадете го грозјето. Внимателно измешајте за грозјето убаво да се покрие со шеќер. Гответе на умерен оган. За време на готвењето ќе се формира пена, која треба да ја отстраните. Ќе дознаете дека е сварено кога ќе фатите со лажица и нема да биде течно како вода. На самиот крај на готвењето додадете исечкан лимон. Гответе уште пет минути, а потоа тргнете го од шпоретот. Слаткото истурете го во топли и претходно стерилизирани тегли, затворете го капакот, покријте го со ќебе и оставете ги целосно да се изладат. После тоа, чувајте ги на темно и ладно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот