Стандард и Пурс ги зголемија економските перспективи на БиХ

Водечката светска рејтинг агенција Стандард и Пурс го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Босна и Херцеговина на Б/Б и ја ревидираше долгорочната перспектива на земјата од стабилна на позитивна поради подобрувањето на политичките услови, брзото воспоставување на влада по општите избори и стекнувањето статус на земја кандидат за Европската унија, пренесува Хина.
„Позитивната перспектива го одразува нашиот став дека потенцијално помалку конфронтирачка домашна политичка средина треба да опстои во текот на следната година“, рекоа од С&П.
Тие објаснија дека учеството на долгот во БДП ќе остане на 22 отсто до крајот на 2023 година, со релативно ниски каматни стапки и долги рокови на доспевање за доверителите.
Рејтинг агенцијата додаде дека ја зајакнала стабилноста во Босна и Херцеговина во последните месеци, „со релативно навременото формирање влада на државно ниво по општите избори во октомври 2022 година, а економијата се очекува да продолжи да расте во 2023 година, иако со побавно темпо“, објави Ал Џезира балканс.